Стивнува тивкиот бојкот на дијаспората, во Швајцарија и Германија најголем интерес за попишување

од Берта Китинска
285 прегледи

Кампањата за информирање на дијаспората се одвива добро и главно преку интернет и социјалните медиуми, а веќе нема тивок бојкот од страна на дел на дијаспората бидејќи се вклучија и организации на нашинците со повици за учество на пописо, вели Јасмина Георгиева, претставник на Државниот завод за статистика на денешната прес-конференција во Владата, додајваќи дека на почетокот од процесот на попишувањето на дијаспората се почувствувал тивок бојкот, но дека последниве денови наративот е сменет и дека и организации на нашинците се вклучија со повици и апели за учество во пописот и, како што истакна, нагласуваат дека е патриотски чин и долг кон државата да се дадат податоци зашто тие се потребни за развој на државата.

„Кампањата на државата насочена кон дијаспората пред сѐ е дизајнирана преку социјалните мрежи и преку актиностите на дипломатско – козуларните претставништва на земјава во странство. Сметаме дека кампањата добро се одвива и дека добро се информираат луѓето во дијаспората“, рече Георгиева.

Досега во дијаспората се попишани над 82 илјади лица, најмногу во Швајцарија – 25 илјади, Италија – 19 илјади и околу 10 илјади лица во Италија.

На пописот ќе се попишуваат и лицата позитивни на Ковид. Од следната недела, Статистика преку „Мој термин“ на дневна основа ќе ги добива сите новодијагностицирани случаи по општини, за да се испланира начинот на нивното попишување.

Слични содржини