Денес, целиот државен врв на Словенија беше вакциниран со вакцината на „АстраЗенека“ со цел да се врати довербата на другите граѓани во оваа вакцина, која претходниот ден беше прогласена за ефикасна и безбедна за употреба од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА).
Претседателот Борут Пахор, премиерот Јанез Јанша, претседателот на парламентот Игор Зорчиќ и претседателот на Државниот совет Алојз Ковча беа заедно вакцинирани во просториите на Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).
26.12.2020 je v 🇸🇮 prišla prva pošiljka cepiva. Za novoletno željo sem si izbral le eno:da bi državni praznik junija praznovali skupaj in povsod po naši domovini in da bi bili priče koncu te epidemije in vrnitvi v normalno življenje.Imamo cepivo,ki je glavni faktor te spremembe. pic.twitter.com/TY8lwlrFDx
— Borut Pahor (@BorutPahor) March 19, 2021
По вакцинацијата, Пахор на Твитер напиша дека на овој начин сака да даде свој скромен придонес за епидемијата во Словенија да заврши што е можно побрзо.
„Да им веруваме на науката и на експертите кои не покануваат да се вакцинираме“, порача претседателот на Словенија.
Фото: Ројтерс