396
„Сериозна држава не може да остави пауза од 20 години меѓу пописи, Имавме 2002 година и дури сега ако го имаме. Нема сериозно планирање“, вели универзитетскиот професор Владимир Милчин за емисијата „Само вистина“.
Според него, друго прашање е дали пописот што треба да го имаме ќе биде спроведен според сите норми и стандарди.
„Ако пописот се сфати како етничко прашање, тогаш тоа е страшно. Мешање во попис од страна на друга држава исто така е недозволиво и недопустливо. Доколку ни се случи бојкот на пописот, исто така ќе биде страшно“, смета професорот.