Луѓето се евакуираат, австралиските власти предупредуваат на смртно опасни поплави

од Stefanija Kuzmanovska
446 прегледи

Австралиските власти издадоа предупредување за потенцијално смртоносни поплави од поројните дождови на источниот брег на таа земја.

Досега се спасени десетици луѓе од поплавените подрачја, а на жителите од населените места со приземни куќи во Нов Јужен Велс им е наредено да ги напуштат своите домови, објави „Ројтерс“.

Полицијата соопшти дека стотици луѓе брзаат кон центрите за евакуација во областите северно од Сиднеј.

Главните патишта беа затворени, а во медиумите се појавија снимки на кои се гледа како порој вода ги зафаќа куќите.

Слични содржини