Нова студија од Данска покажува дека повеќето луѓе кои имале ковид-19 се заштитени од реинфекција најмалку шест месеци, но луѓето над 65 години се повеќе склони кон ново заразување отколку помладите.
Студија објавена од престижното медицинско списание „Лансет“ открива дека само 0,65 отсто од луѓето по втор пат биле позитивни на тестот, откако претходно биле заразени за време на првиот и вториот бран на пандемијата во Данска.
Тоа е многу пониско од 3,27 отсто колку што беа позитивни на вирусот по употреба на многу попрецизните PCR тестови, бидејќи претходно биле негативни на брзиот тест.
Студијата открива дека луѓето постари од 65 години имаат само 47 отсто заштита од повторување на инфекцијата, во споредба со 80 отсто заштита кај помладите луѓе.
– Нашата студија го потврди она што го сугерираа многу други. Повторната инфекција со ковид-19 е поретка кај помладите, здрави луѓе, но постарите луѓе имаат поголем ризик повторно да заболат- рече Стен Еделберг од данскиот Statens Serum институт.
Авторите на студијата не открија дека заштитата од повторна инфекција паѓа во текот на шест месеци по болеста, но посочуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди заштита од реинфекција кај различни варијанти на вирусот.
Prva velika studija o #reinfection u periodu od 6 meseci, #Denmark :
👉🏻Imunitet nakon 1. infekcije traje najmanje 6 meseci kod oko 80% ljudi
❗️Ali, kod ljudi >65 god.starosti postoji znacajan pad na samo 47.1%
👉🏻Vazno za strategiju vakcinacijehttps://t.co/jIfAkCTGUX pic.twitter.com/ZH74rJ7YLJ— Ana Banko (@ROLERSproject) March 18, 2021
Научниците исто така рекоа дека реинфекциите веројатно ќе бидат асимптоматски или благи, бидејќи имунолошкиот систем ќе го потисне вирусот пред да предизвика големи штети на организмот. Сепак, студијата сугерира дека имунитетот кон природни инфекции е непредвидлив и нерамномерен и ја нагласува важноста за вакцинирање на сите, особено на постарите лица.
„Сигурно не можете да се потпрете на инфекција од минатото за да ве заштитиме од нова, а можеби и од доста сериозна, клиничка слика ако сте во постара старосна група“, истакнува Еделберг.
Прецизни анализи на реинфекција се ретки досега, бидејќи многу луѓе ширум светот првично немаа пристап до тестирање, а лабораториите бараат генетски низи од двата круга на тестирање за да се потврди повторната инфекција.
Податоците кои беа предмет на анализа беа собрани со помош на данската национална стратегија за тестирање, која беше бесплатна и масовна и во рамките на која беа тестирани 69 отсто од населението, односно четири милиони луѓе во текот на минатата година.
Иако 80-процентна заштита од реинфекција можеби не изгледа толку голема, заштитата од симптоматските болести е веројатно поголема. Анализата го вклучувала секој што бил тестиран, без оглед на симптомите.
– За многумина, тоа ќе бидат асимптоматски реинфекции. Заштита од 80 отсто од симптоматска инфекција е голема – забележал Флоријан Крамер, имунолог од болницата Монт Синај во Њујорк, за „Њујорк тајмс“.
Ваквото истражување е особено важно за стратегиите за вакцинација. Наодите сугерираат дека луѓето кои се опоравиле од ковид-19 треба да примат барем една доза вакцина против коронавирус за да се зголеми нивото на заштита, објасни д-р Крамер.
– Повеќето луѓе создаваат силен имунолошки одговор на природната инфекција, но има многу варијабилност. По вакцинацијата, не гледаме варијабилност, гледаме многу високи одговори скоро кај сите, со многу малку исклучоци – додаде тој.