Пронајдена марихуана, приведени двајца струмичани

од Vladimir Zorba
175 прегледи

На 19.03.2021 во 18.30 часот во место викано „Тумба” во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Д.К.(31) и П.Г.(28), двајцата од Струмица.

При нивен личен и преглед во возилото „бмв“, во кое биле двајцата, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.