Османи изрази „силна поддршка за суверенитетот на Бугарија“ по апсењето на шпиони

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи изрази поддршка на неговата колешка, Екатерина Захариева, за справување со шпионската афера која ја открија властите во Бугарија, а во која уапсија лица осомничени дека шпионирале за Русија.

„Силна поддршка за суверенитетот на Бугарија, нашиот сосед и сојузник во НАТО. Република Северна Македонија ги осудува сите малигни активности на територијата на Бугарија“, пишува Османи.