Србија: 4.232 новозаразени, починаа 34 лица

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 4.232 новоинфицирани со коронавирус, од 12.442 тестирани, а 34 лица починаа, соопшти денеска српското министерство за здравство.

Во болниците има 5.531 заболен, а на респиратори се 235 пациенти.

Од почетокот на епидемијата, починале 4.934 лица, а регистрирани се 551.128 заразени лица, од 3.262.916 тестирани.