276
Здружението „Eurocities“ во неделата ги повика градовите ширум Европа во среда напладне да одржат едноминутно молчење во чест на жртвите од пандемијата на коронавирус.
„Една година по почетокот на пандемијата на коронавирус, мрежата градови Eurocities повикува на европско едноминутно молчење. Заедничката комеморација ќе се одржи во среда напладне“, пишува на веб-страницата на „Eurocities“.
Еден од градовите што веднаш го потврди своето учество е Будимпешта.