Најмалку шест полицајци беа повредени за време на масовните улични протести во британскиот град Бристол, објави Би-Би-Си.
Претседателот на синдикатот на полицијата на Ејвон и Сомерсет, Енди Ребак, рече дека насилството, кое започна синоќа, беше најлошо во поново време во Бристол.
– Навистина станува збор за невидено насилство. Помеѓу четири и шест, а можеби и повеќе полицајци беа сериозно повредени, а некои имаа скршени коски, рече Ребак.
Началникот на полицијата Вил Вајт изјави дека двајца полицајци биле хоспитализирани, откако биле изложени на повисок степен на малтретирање и насилство.
– Едниот службеник има скршена рака, а другиот скршено ребро. Двајцата биле пренесени во болницата. Запалени се најмалку две полициски возила, а причинета е материјална штета во полициската станица. Демонстрантите не се во зградата – се наведува во изјавата на Вајт, објавена на веб-страницата на полицијата.
Неколку стотици демонстранти се собраа синоќа пред полициската станица во Бристол. Демонстрантите кршеа прозорци во полициска станица, запалија полициски комбиња, фрлаа пиротехнички средства и проектили кон полицајците.
Повеќе од 30 лица беа приведени за време на протестите против мерките за затворање во Лондон во саботата на 20 март.