Османи: Бројот на само-попишани граѓани надмина 100 илјади!

од Берта Китинска
180 прегледи

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска пред да патува за Брисел најави дека таму ќе седне на маса со сојузниците од НАТО, а ќе  оствари и средби и со македонската дијаспора и здруженија во Брисел.

-Старт на уште една динамична недела. Во Брисел на маса со најмоќните сојузници од НАТО. Нашите активности за Пописот даваат резултати. Бројот на само-попишани граѓани надмина 100 илјади! Имаме уште еден месец- ТИ СИ ПОВЕЌЕ ОД БРОЈКА- УЧЕСТВУВАЈ!, напиша Османи.

По посета на Приштина, македонскиот вицепремиер Артан Груби денеска ќе престојува во официјална посета на Тирана, информираат од неговиот кабинет.

Според најавите, исто како и во Приштани така и во Тирана, Груби ќе побара од тамошните лидери да упатат повик кон Албанците од дијаспората да се регистрираат на пописот во Северна Македонија.

Тој на својот профил на Фејсбук се пофали со успехот што се постигнува на пописот во дијаспората, укажувајќи дека благодарејќи на мобилизацијата бил прифатен апелот на влијателните Албанци и само во изминатиот ден биле регистрирани 23 илјади државјани на Северна Македонија што живеат во странство.

 

Слични содржини