Слушнав дека сум „антиваксер“: Вучиќ започнува нова кампања за вакцинација

од Stefanija Kuzmanovska
371 прегледи

Започнуваме кампања за вакцинација, и секако дека ќе се вакцинирам, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесе „Блиц“.

Како што вели, слушнал забелешки дека можеби и тој е „антиваксер“.

– Мојата кампања за вакцинација започнува на крајот на март, почетокот на април. Секако дека ќе примам вакцина, во неа лежи спасот – рече Вучиќ.

Како што вели, тоа ќе го стори во некое помало место, како што се Чагубица или Мерошина, некаде на истокот или југот на Србија, каде што е најмал процентот на вакцинирани.

– Ќе го снимам тоа за да можат сите да видат, ако не го снимам, би рекле дека лажам. Во вакцината лежи спасот – наведе Вучиќ, додавајќи дека само во еден случај имало проблеми на почетокот на вакцинацијата, и дека на долг рок немало сериозни проблеми.

Слични содржини