Расте интересот за пописот, викендов се попишале повеќе од 20 илјади иселеници

од Берта Китинска
199 прегледи

Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика вели во последното деноноќие се самопопишале преку електронската апликација над 20 илјади македонски државјани кои живеат  во странство, а вкупната бројка достигнала 121.580 лица.

– Претпоставуваме дека ова нагло зголемување на бројката на самопопишани е поради викендот, кога луѓето имале повеќе слободно време – вели Ѓоргиева.

Иселениците во Швајцарија засега со најголем одзив на пописот, по нив следуваат тие од Германија и Италија.

Слични содржини