150
Според извештајот на Министерството за здравство, во последните 24 часа, регистрирани се вкупно 30 починати лица, на возраст од 50 – 84 година.
Билансот по градови е 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 6, од Битола и Охрид – по 3 починати, од Кочани и Демир Капија – по 2 и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 591.958 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.