Привремена заштита на делот од Шара што ќе биде национален парк

од Nikola Popovski
286 прегледи

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за привремена заштита на делот од Шар Планина за кој се води постапка за прогласување за заштитено подрачје во категорија II – национален парк. За потсетување, Предлог-законот е одобрен од страна на Владата на Република Северна Македонија и во најскоро време се очекува да започне собраниската постапка за негово усвојување.

Со усвојување на овој закон, нашата држава ќе го добие првиот национален парк од 1958 година наваму и од прогласувањето на независноста, со што вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво ќе изнесува 13,2 отсто од севкупната територија.

Прогласувањето за национален парк ќе значи заштита на природните убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности.

 

Слични содржини