298
„Измените на Законот за служба во Армијата во прво читање едногласно поминаа на собраниската Комисија за одбрана и на Законодавно правната комисија“, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Таа напомена дека се надева дека час поскоро и Собранието ќе даде зелено светло „за да отвориме можност за војниците со наполнети 45 години да заминат со испратнина до 25.000 евра и да ставиме крај на политичката злоупотреба на Армијата“.