Граѓаните на Белград целосно ѝ веруваат на вакцината АстраЗенека (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
349 прегледи

Имунизацијата на граѓаните со вакцината АстраЗенека продолжила и во понеделникот на саемот во Белград во халата 3. Вакцинацијата се спроведува без закажан термин, така што белграѓаните можат да дојдат без претходна најава да ја примат првата доза или да се вакцинираат. Српските медиуми го посетиле Саемот во понеделникот попладне и ги испитале граѓаните кои ја примиле вакцината АстраЗенека. По тој повод, тие истакнале дека се чувствуваат одлично, дека не се плашат од несаканите ефекти на вакцината и ги поканиле другите граѓани да го следат нивниот пример.

„Веќе се пријавив на 19 јануари и чекав, па дојдов денес без закажан термин. Не е важно за која вакцина станува збор, важно е само да се заштитиме. Сè е подобро отколку да добиете Ковид-19. Луѓето кои добиле несакани последици се само индивидуални случаи“, изјавил граѓанин на Белград за српскиот портал „Нова.рс“.

Општ впечаток е дека има помалку присутни граѓани отколку претходните денови, во кои се согласуваат и координаторот на Белградскиот саем и граѓаните кои ја примиле вакцината. Оние што дошле рекле дека не чувствуваат страв, дека единствениот начин да помине пандемијата е масовно да се вакцинираат луѓето.

Некои граѓани сметаат дека е потребно што повеќе млади луѓе да дојдат и да добијат заштита од вирусот и дека е недозволиво овој тренд да продолжи.

„Овде сè ми изгледа многу пристојно и имам само пофалби за вработените во Саемот. Денес ја примив првата доза на вакцината АстраЗенека“, изјавил друг жител.

Меѓу граѓаните имаше и такви кои не чекале да се пријават, туку само дошле да се вакцинираат што е можно поскоро.

„Поради мојата возраст, најверојатно не бев повикана порано, па дојдов денес и се вакцинирав со вакцината АстраЗенека. Се чувствувам одлично. Тоа е посилна вакцина, затоа очекувам температура, но ќе биде одлична“, оптимистички заклучила една девојка.

Анкетираните граѓани претежно ги повикувале другите да го следат нивниот пример, нагласувајќи дека не треба да се верува во разни шпекулации за тоа дали и колку е штетна вакцината АстраЗенека.

Слични содржини