„Јас сум најдобриот на светот, но капитен ми е Гранквист”

од Nikola Popovski
531 прегледи

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ му ветил на селекторот на репрезентацијата дека ќе има клучна улога за тимот и додал дека тоа мора да го докаже на следните натпревари.

„Сакам да го ставам на располагање моето искуство на националниот тим и му ветив на селекторот дека ќе бидам клучен, но сега морам да го докажам тоа на теренот“, изјавил Ибрахимовиќ, а пренесоа италијанските медиуми.

Ибрахимовиќ се врати во репрезентацијата на Шведска првпат по пет години и ќе му биде на располагање на тренерот Јане Андерсен за натпреварите против Грузија на домашен терен на 25 март и Косово на гости три дена подоцна во квалификациите за СП 2022 година.

„Се сретнавме за првпат, бевме сами и разговаравме за сè. Тоа беше позитивна средба на која се спротивставивме, но на крајот избравме што е најдобро за Шведска. И двајцата знаеме што е најдобро за репрезентацијата и денес поради тоа седам тука пред вас“, изјавил Ибрахимовиќ.

„Тука сум, не затоа што се викам Златан Ибрахимовиќ, туку затоа што заслужувам да бидам тука. Сè што направив досега, не значи ништо. Се чувствувам подготвен, сакам да учествувам и чувствувам дека сè уште можам да дадам придонес за тимот. Јас сум само дел од сложувалката. Ако ме прашате, јас сум најдобриот на светот, но тоа тука не помага“, додаде фудбалерот на Милан.

Ибрахимовиќ рече дека нема да ја побара капитенската лента од Андреас Гранкист, но исто така и дека од напаѓачот на Реал Сосиедад, Александар Исак, го побарал репрезентативниот дрес со број 11.

„За мене капетан е Андреас Гранквист. Но, останува на селекторот да одлучи. Го прашав Александар дали можам да го добијат дресот со број 11. Тој рече дека е во ред, но да му го вратам за шест или седум години. Емил Форсберг ми го понуди дресот со број 10, но решив да одбијам затоа што ова е ново поглавје и тој треба да носи десет. На крајот, бројката не е баш важна“, рече тој.

По квалификациските натпревари за Светското првенство во Катар во 2022 година, Шведска ќе одигра пријателски натпревар против Естонија на 31 март.

Ибрахимовиќ се повлече од националниот тим по Европското првенство во 2016 година, одигра 116 натпревари и постигна 62 погодоци за Шведска.

Слични содржини