Во текот на вчерашниот ден беше забележан мал број на новозаразени, додека пак бројот на починат од ковид 19 достигна до 30 лица. На сила останува полицискиот час од 22-05 часот.
Најмногу активни случаи има во овие градови:
Скопје 53370, активни 7604
Прилеп 6529, активни 940
Куманово 6271, активни 547
Тетово 6003, активни 452
Гостивар 4257, активни 376
Кавадарци 4116, активни 616
Велес 4045, активни 467
Штип 3987, активни 296
Битола 3947, активни 431
Охрид 3811, активни 559
Неготино 1772, активни 410
-Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, почнувајќи од денеска, односно од 23 март до 6 април.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.