Почина Тале Герамитчиоски, поранешниот заменик-министер за образование

од Берта Китинска
187 прегледи

Почина професор Тале Герамитчиоски, поранешен заменик-министер за образование и пратеник.

Веста за загубата на Герамитчиоски на социјалните мрежи ја објави неговиот син, а денеска членови на СДСМ се простуваат од својот колега.

– Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него, објави Радмила Шекеринска.

Герамитчиоски, кој е роден и живееше во Прилеп, беше заменик-министер во периодот 2002-2006 година, во тогашната Влада на СДСМ, по што беше избран за пратеник, на изборите во 2006 година. Беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола.

Слични содржини