На „темната мрежа“ доза на вакцина чини и до 750 долари

од Stefanija Kuzmanovska
400 прегледи

Вакцини против коронавирусот, ковид пасоши и лажни негативни тестови се продаваат на „темната мрежа“, пишува Би-Би-Си.

Цената за доза на вакцините на „Астра Зенека“, „Спутник V“, „Синофарм“ и „Џонсон и Џонсон“ се движи од 500 до 750 долари, додека лажните потврди за вакцинација се продаваат за 150 долари.

Истражувачите кои следат хакерски форуми и други продажни места од јануари, кога се појавија вакцините, велат дека е забележано големо зголемување на бројот на реклами поврзани со вакцините.

Тие тврдат дека бројот на реклами е тројно зголемен и дека сега има повеќе од 1.200.

Слични содржини