Централниот совет на Демократскиот сојуз вчера одржа седница на онлајн платформата Зум на која се расправаше за актуелните политички случувања, здравствената криза, пописот и за претстојните локални избори.

-Централниот совет донесе одлука за самостоен настап на Демократскиот сојуз на локалните избори или во коалиција со сродни политички партии за што го овласти претседателот да води соодветни преговори. Истовремено, Централниот совет на ДС ја повикува Владата да ги обезбеди сите неопходни услови за фер и демократски изборен натпревар, вклучувајќи го и навременото обезбедување на апарати и софтвер за земање отпечаток од прст (фингерпринт) при гласањето, што е и законска обврска.

На седницата, Централниот совет беше информиран за состојбите околу пандемијата и одржувањето на пописот, при што зазеде став да ги повика граѓаните во дијаспората и во Македонија да се попишат, а државата да ги обезбеди сите неопходни услови за здравствено безбедно одвивање на пописот, соопштија од партијата.

Слични содржини