Со вакцината на „АстраЗенека“, денес 100 новинари и медиумски работници од Македонија се вакцинираа во Заводот за јавно здравје во Врање. Сето ова било воорганизација на македонската асоцијација на новинари (МАН) и српското Удружење новинара Србије (УНС).
Вакцините и ревакцините се бесплатни.
Повикот за заинтересираност беше објавен минатиот петок, а веќе наредниот ден квотата била исполнета.
„Македонската асоцијација на новинари МАН ги известува сите медиумски работници дека е пополнета квотата од 100 лица за доброволна вакцинација против вирусот Ковид-19 со вакцината АстраЗенека која е закажана за во вторник 23 март 2021 година, во Врање, Република Србија, се вели во соопштението на МАН“, пишуваше во јавниот повик од МАН до новинарите.
МАН организираше и автобуски транспорт од Скопје до Врање.