Зоран Мамиќ, поранешниот тренер на Динамо од Загреб, ја напуштил Хрватска и заминал во Босна и Херцеговина, објави хрватски „Индекс“.
Мамиќ неодамна беше осуден на четири години и осум месеци затвор за повлекување пари од Динамо, а Индекс пишува дека Мамиќ планира да се врати во Хрватска.
Тој заминал во Босна да го посети својот брат Здравко, поранешниот прв човек на загрепскиот клуб, кој исто така е осуден.
Зоран е сè уште слободен човек затоа што сè уште не добил покана од судот за издржување на казната, така што немало законски пречки во таа смисла.
Ова се должи на фактот дека тој бил осуден на помалку од пет години затвор, за што не мора веднаш да биде повикан, додека за дела за кои е добиена подолга казна, издржувањето на казната започнува веднаш по изрекувањето на пресудата.
Зоран Мамиќ соопштил дека ќе ја издржува казната, иако додал дека не се чувствува виновен за она за што е обвинет.
Неговиот брат Здравко бил осуден на шест и пол години затвор, а заедно со двајцата бил осуден и Дамир Врбановиќ, поранешниот директор на загребските „сини“.