Јокиќ за пукањето во Колорадо: Една од жртвите беше Србин…

од Stefanija Kuzmanovska
344 прегледи

Никола Јокиќ повторно беше најдобар на теренот во победата на Денвер над Орландо, но по прашањата на новинарите, тој се осврна на трагедијата што го снајде Колорадо и пукањето во кое загина младо момче од српска националност.

– Голема трагедија. Тие работи се случуваат во светот, вам само ви останува со мислите да бидете со семејствата на жртвите. Всушност, една од жртвите беше Србин… Ова се некои работи кои никој не ги сака, никој не сака да биде близу до тоа и некому да му се случи нешто. Кога ќе се случи, се чувствувате чудно и се прашувате, како може некој да направи такво нешто? – рече Јокиќ.

После тоа, Никола се осврна и на поведри теми, пред сè на фактот дека Факундо Кампако, неговиот соиграч, доби сала во неговиот роден град.

Слични содржини