288
Од 22.00 часот синоќа до 05.00 часот утринава констатирано е дека 18 лица не ја почитувале забраната за движење.Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 631 прекршок, сопштија од МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.