Сликата на Бенкси направена во чест на здравствените работници продадена за рекордна цифра

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Минатата година, за време на пандемијата на коронавирусот, славниот уметник Бенкси ја наслика својата позната слика наречена Game Changer на која се гледа момче како си игра со кукла на медицинска сестра, која е прикажана како суперхерој.

Ова уметничко дело се најде на аукција и е продадено за рекордна цифра.

Според светските медиуми, сликата на Бенкси, која е направена во чест на британските медицински работници, е купена за 16,8 милиони фунти (19,5 милиони евра).

Аукциската куќа „Кристи“ изјави дека приходот од продажбата ќе се искористи за финансирање на здравствени организации и добротворни организации низ цела Велика Британија.

Слични содржини