Арсовски: Бојкотот на пописот е кривично дело

од Берта Китинска
168 прегледи

Бојкотот на пописот е кривично дело, пописот е законска обврска и одговорност на секој граѓанин, вели портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

„Повикувањето и бојкотот на регистрацијата е кривично дело, исто е како да се пружа отпор и непочитување на законите и државните органи, во тој случај се предвидени парични казни или затвор до 3 години за оние кои повикуваат на бојкот“, рече Арсовски.

Во своето излагање Арсовски рече дека е убеден дека со пописот нема да порасне бројот на заразени од корона вирусот во земјава.

„ Сите мерки ќе бидат преземени. Нема простор за никаков ризик и убедени сме дека тоа го разбираат најголем дел од граѓаните“, кажа Арсовски.

Слични содржини