Заев со честитки до Курти: Соработка продолжува со несмален интензитет во сите области од взаемен интерес

од Берта Китинска
161 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев испрати писмо со честитки до Албин Курти по повод неговиот повторен избор за Претседател на Владата на Република Косово.

Во писмото, како и во телефонскиот разговор во текот на вчерашниот ден, премиерот Заев на својот косовски колега му посака успех во извршувањето на одговорната функција и го изрази задоволството од пријателските односи меѓу Северна Македонија и Косово.
„Нашата соработка се остварува  низ отворен политички дијалог, заснован на меѓусебно уважување и почитување, низ интензивна економска и трговска соработка, тренд кој очекуваме да продолжи со несмален интензитет и во наредниот период што ќе овозможи продлабочување на вкупната соработка и во други области  од взаемен интерес”, пишува премиерот Заев во писмото до премиерот на Косово Курти.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во писмото истакнува дека е уверен дека политичкиот дијалог и соработка ќе продолжат со несмален интензитет и со посебен акцент на европската и евроатлантската соработка и со меѓусебна поддршка, консултации и размена на искуства за натамошен прогрес во реализирањето на стратешките цели на двете земји, и изрази надеж за скорешна средба на двајцата премиери.

Слични содржини