Уште една млада девојка почина од коронавирус, немала хронични заболувања

од Nikola Popovski
381 прегледи

Според најновиот извештај од Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство, две девојки на 23 и 24 години се меѓу 17-те починати во изминатите 24 часа како последица од Ковид-19.

Дваесет и тригодишната девојка имала хронично заболување, а 24-годишната девојка била позитивна на Ковид-19, немала никакви други заболувања и една недела се лекувала во домашни услови со антибиотик, по препорака на матичен лекар.

„Поради проблеми со дишењето пацинетката се јавила во болница и е хоспитализирана во еден од ковид центрите од интернистичкиот клинички блок. Пациентката не одговарала позитивно на терапијата и за цело време ѝ се влошувала состојбата“, соопштиле од Министерството за здравство за СДК.мк.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани нови 1 347 случаи на ковид-19, од вкупно 4 096 тестови.

Пријавени се вкупно 17 починати лица, на возраст од 23 –90 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавени, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Слични содржини