Берлускони ја напушти болницата по рутинската контрола

312 прегледи

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ја напушти болницата „Сан Рафаеле“ во Милано денес, каде во понеделникот беше примен на рутинска контрола, потврди за Ројтерс извор од неговата партија Форца Италија.

Во изјавата објавена претходно денес, Форца Италија вели дека 84-годишниот политичар, кој беше хоспитализиран во Монако во јануари поради проблеми со срцето, е примен во болницата заради опсервација и прилагодување на терапијата што ја зема.

Ројтерс пренесува дека поради приемот во болницата „Сан Рафаел“, поранешниот премиер не можел да присуствува на рочиштето во судот во Милано утрово во врска со случајот во кој бил вмешан.

Минатиот септември Берлускони го преживеа КОВИД-19, кој го опиша како најопасен предизвик во неговиот живот, а исто така имаше операција на срце во 2016 година, како и операција за карцином на простата.

Слични содржини