561
На денешен ден 1999 година започна бомбардирањето на Србија. Многумина денес со голема тага се сеќаваат на тој момент и следните 78 дена, колку траеше бомбардирањето.
Меѓу нив е и популарната поп-пејачка Тијана Дапчевиќ, која предизвика лавина коментари со нејзината шокантна фотографија и трогателен текст.
Имено, таа објави фотографија од тој период, на која е ќелава. Овој потег ја шокираше јавноста.
– На денешен ден, во 1999 година, започна бомбардирањето, и од револт, од тага и неможност да му помогнам на моето семејство во Србија, ја исеков косата до глава … Вие само гледате на ТВ како некој фрла бомби на сите ваши И не можете да направите ништо. Да не се повтори – напиша Тијана покрај фотографијата.