356
Финската влада предложила вчера затворање на пет градови, вклучувајќи го и главниот град Хелсинки, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Според предлогот, на граѓаните ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само од ограничен број причини, како што е набавка на храна, а кршењето на мерките ќе бидат казнето.
За локдаунот, кој би бил прв во Финска од почетокот на пандемијата, ќе се гласа во парламентот, а треба да биде оценет од Комитетот за уставно право.
На почетокот на овој месец, владата ги затвори рестораните и средните училишта низ целата земја.
Финска, која има 5,5 милиони жители, досега евидентирала 73.516 случаи на коронавирус, а 811 лица починале.