Новата руска вакцина против коронавирусот најефикасна од сите?

од Stefanija Kuzmanovska
495 прегледи

Вакцината против коронавирус „Епиваккорона“ е имуноген и безбеден препарат за спречување на болеста,  потврдуваат резултатите од клиничките испитувања објавени во списанието „Инфекција и имунитет“.

Според веб-страницата на рускиот сервис „Роспотребнадзор“, на 24 март, списанието ги објавило резултатите од клиничките испитувања меѓу волонтерите на возраст од 18 до 60 години.

„Објавената статија покажува дека тестовите биле спроведени во две фази: првата фаза – отворена студија за безбедност, реактогеност и имунолошка активност во која учествувале 14 волонтери, на возраст од 18 до 30 години; втората фаза – едноставна заслепена компаративна рандомизирана студија контролирана со плацебо, во која биле вклучени 86 волонтери на возраст од 18 до 60 години – се вели во соопштението.

Вакцината со две дози создаде антитела, специфични за антигените, кои влегуваат во состав на вакцината, кај 100 отсто од волонтерите.

– Сероконверзија (процес во кој организмот произведува антитела) со титар на неутрализирачки антитела 1:20 е регистриран кај 100 отсто од волонтерите, 21 ден по приемот на втората доза – е наведено во соопштението на „Роспотребнадзор“.

Вакцината „Епиваккорона“ е направена од Новосибирскиот институт „Вектор“ и е втора вакцина против коронавирусот што е регистрирана во Русија. Тоа се случи на 14 октомври 2020 година.

Слични содржини