Во јапонската префектура Фукушима се одржа церемонија на палење на факелот за Олимписките игри во Токио.
Церемонијата, одржана во олимпиското село во Фукушима, се одржа без присуство на гледачи поради пандемијата на коронавирус.
Членките на јапонската женска фудбалска репрезентација, кои го освоија Светскиот куп на ФИФА во 2011 година, први го носеа факелот.
Претседателот на Организациониот комитет, Сеико Хашимото, истакна дека ова е посебен момент и покрај пандемијата што го погодува светот.
„Пламенот ќе тргне на 121-дневно патување и ќе ги носи надежите на јапонскиот народ и желбата за мир на луѓето ширум светот“, рече Хашимото, додавајќи дека факелот ќе помине низ сите 47 јапонски префектури.
Патувањето со олимпискиот оган ќе заврши на 23 јули на Олимпискиот стадион во Токио, кога ќе се одржи церемонијата на отворање на Олимписките игри.
Олимписките игри, кои требаше да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година, беа одложени поради Ковид-19.
Спортскиот настан, закажан од 23 јули до 8 август, ќе се одржи без присуство на странски гледачи.