Премиерот Зоран Заев смета дека прашањето поврзано со тоа што одредени лица во државата не можат да добијат државјанство е нешто што треба да се реши.
Tој посочи за тоа е потребно да се донесе издржано решение. Тој најави дека уште од понеделник може да се седне, да се разговара и со заеднички напори да се изнајде решение.
-Еве да предложам да седнеме во понеделник, вторник, среда, почетокот на следната недела, ќе дојдам јас, министерот за правда, министерот за внатрешни работи и ако има друга надлежна институција за ова прашање, заедно претставници на опозицијата и на власта ќе избереме, да седнеме и да го решиме прашањето. Ќе повикам експерти од матична служба, од МВР, од мојот кабиент, ќе се подготивме претходно со идеи, вие што имате идеи, сите заедно да седнеме и да го решиме ова прашање, рече Заев одговарајќи на пратенчко прашање од Елми Азир од Алјанса за Албанците.
Суштината на решавањето на прашањето, нагласи Заев, мора да биде согласно правни стандарди.