„Луран замина, но зад себе остави длабоки траги“: Заев се прости со актерот Ахмети

од Берта Китинска
301 прегледи

Премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа Фејсбук се прости со актерот Луран Ахмети кој на само 46 години ја загуби битката со коронавирусот.

-Длабоко потресна е веста за смртта на еден од најталентираните актери на Албанскиот театар Луран Ахмети. Луран замина, но зад себе остави длабоки траги на театарската сцена и ликови за паметење во повеќе странски филмски и телевизиски проекти. Упатувам најискрено сочувство до семејството во овие моменти на длабока тага, напиша Заев на Фејсбук.

Длабоко потресна е веста за смртта на еден од најталентираните актери на Албанскиот театар Луран Ахмети.

Луран замина,…

Posted by Zoran Zaev on Thursday, March 25, 2021