Во Србија повторно над 5.000 новозаразени!

од Vladimir Zorba
367 прегледи

Во последните 24 часа во Србија, 39 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 5.225 нови случаи, засновани на 17.436 тестирани примероци.

Според српското Министерство за здравство, на апарати има 241 пациент, еден помалку од вчера.

Во болниците имало 6.713 лица, додека претходниот ден имало 6.577.

Од почетокот на пандемијата, регистрирани се 577.120 случаи на коронавирус, а починале 5.114 лица.

Стапката на смртност е 0,89 проценти.

Досега се тестирани 3.348.198 примероци, пренесе Танјуг.