Во последните 24 часа се направени 4.277 тестирања, а регистрирани се 1.422 нови случаи на коронавирус, соопшти попладнево Министерството за здравство, што претставува 33 проценти од вкупниот број на тестирани граѓани во последните 24 часа.
Според билансот, пациентите се од: Скопје – 618, Куманово – 94, Прилеп – 89, Велес – 76, Тетово – 63, Гостивар – 54, Кавадарци – 53, Битола – 50, Штип – 39, Гевгелија – 38, Охрид – 33, Струмица – 27, Неготино – 26, Кочани – 22, Кичево – 17, Струга 13, Ресен – 12, Пробиштип – 10, Дебар, Берово и Свети Николе – по 9, Крива Паланка и Радовиш – по 8, Валандово – 7, Богданци и Демир Капија – по 6, Македонски Брод и Пехчево – по 5, Виница и Делчево – по 4, Крушево – 3, Демир Хисар и Кратово – по 2, Дојран – 1.
Исто така регистрирани се 457 оздравени пациенти од градовите: Скопје – 128, Прилеп – 50, Кавадарци -33, Неготино – 28, Гостивар – 26, Куманово, Тетово и Велес – по 25, Струмица – 17, Гевгелија – 16, Штип – 15, Битола и Кочани – по 11, Берово -10, Валандово – 6, Радовиш – 5, Кичево и Крушево – по 4, Крива Паланка, Делчево и Демир Капија – по 3, Пробиштип и Виница – по 2, Охрид, Ресен, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1.