395
„Моментално кај нас се присутни чешкиот и британскиот сој, кој е чудовиште во буквална смисла. Во 24-48 часа почнува лесна клиничка слика, а воспаление на белите дробови се прави за нецели 3 дена. Ако претходно беше 14 дена, сега инкубацијата е 3-5 дена“, вели претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.
Според него, клиничката слика може да се промени многу нагло.
„Британскиот сој е полесно пренослив за 50 до 70 проценти од обичниот. Тој ги напаѓа мозокот, срцето и крвните садови“, рече Караџовски, кој додаде дека ова што моментално се случува е поради патувањата во странство и големите осмомартовски свечености.