Бајден ја РУШИ иницијативата „Еден појас, еден пат“: Предложи инфраструктурен план, но само за демократски земји

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денес дека во разговор со британскиот премиер Борис Џонсон, тој предложил „демократските земји“ да имаат план за инфраструктура што може да одговара на кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“.

„Предложив да имаме слична иницијатива што доаѓа од демократиите и која ќе им помогне на оние заедници низ целиот свет на кои им е потребна помош“, изјави Бајден пред новинарите, пренесе Ројтерс

Иницијативата „Еден појас, еден пат“ е посветена на инфраструктурното поврзување на Азија и Европа.

Патем, Литванија, членка на ЕУ и НАТО, прва им соопшти на своите кинески партнери дека ќе ја напушти Иницијативата, попозната како формат 17 + 1. На Литванија и се придружија Естонија и Летонија.

Словачка исто така изрази сомнеж за понатамошно учество во оваа иницијатива.