Граѓаните се вакцинираат во Белград, на Табановце се чека околу 40 минути

од Nikola Popovski
344 прегледи

Чекањето за излез од државата на граничниот премин Табановце е околу 40 минути, соопштија од АМСМ. Причина се големиот број наши државјани кои од вчера патуваат во Србија, каде викендов имаат закажани термини за вакцинирање, најмногу во Белград.

„Поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, информираат од АМСМ.

Инаку, утре во Македонија пристигнвуаат првите 24.000 пратки од вакцините на „Астра Зенека“, а според некои информации истиот ден ќе пристигнат и дел од пратката на руската вакцина „Спутник В“.

Слични содржини