Со поместување на часовникот еден час напред, односно од два до три наутро, во Македонија денес започна летното сметање на времето.
Движењето на часовникот назад за 60 минути се чини како прилично мала работа, но таа промена всушност може да влијае на нас и на нашето тело.
Тоа е претежно физичко влијание, но за повеќето луѓе сè уште се само мали промени.
Кога циклусот се менува од ден во ноќ, тогаш нашиот биолошки ритам се менува заедно со него со цел да се прилагодиме на него. Потоа, постојат мали промени во телото затоа што повеќето од нашите хормони и однесување, спиењето, гладот, нивото на енергија и имунитетниот систем се поврзани со часовникот на нашето тело, врз кој влијае циклусот од ден во ноќ.
За среќа, ако почувствувате физичка промена, таа ќе трае само неколку дена и тогаш повторно ќе се чувствувате нормално.
Што може да предизвика движењето на стрелките од часовникот?
1. Немирен сон
Истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе, и покрај тоа што биле свесни за промената, легнуваат подоцна. Обично е потребно некое време да се прилагоди, а овој ефект најлошо влијае на љубителите на сонот. Постои многу поголема шанса некое лице да се буди почесто во првите неколку ноќи, што може да доведе до предвремено станување, намалена будност и зголемен стрес.
2. Намалена безбедност во сообраќајот
Немирен сон предизвикува несоница, а поради чувството на замор, возачите многу полесно ја губат концентрацијата, па реакциите им се забавуваат. Ако чувствувате недостаток на сон, не заборавајте да испиете шолја кафе пред да влезете во автомобилот.
3. Поместување на часовникот и срцев удар
Студија спроведена во 2014 година врз повеќе од 42 илјади луѓе покажа пад на бројот на срцеви удари за 21 процент во неделата по поместување на часовникот наназад. Интересно, ризикот од иста болест се зголемува за 24 проценти кога се префрлате на летно сметање на времето.
4. Вашето расположение може да се подобри
Иако вечерва ќе спиете еден час пократко, оваа промена има и една позитивна страна. Лекарите тврдат дека изложеноста на првите утрински зраци на сонцето е најдоброто нешто што може да се случи за вашето расположение. Движењето на часовникот ќе им овозможи на повеќето да ја пречекаат зората на нозе и да ги принудат да бидат изложени на утринското сонце.
5. Намалена концентрација
Поместување на часовникот може да донесе недостаток на концентрација на работното место, особено во првата недела по поместување на часовникот. Но, добрата вест е дека телото брзо ќе се прилагоди на промените.