Србија: 3.889 новозаразени со Ковид-19, 39 пациенти починале

од Vladimir Zorba
329 прегледи

Во последните 24 часа во Србија, коронавирусот е потврден кај 3.889 лица меѓу 11.442 тестирани примероци. На веб-страницата covid19.rs стои дека нови 39 пациенти починале.

Во моментов има 6.967 пациенти во ковид-болниците низ целата земја, од кои 269 се на апарати за дишење.

Од почетокот на епидемијата во Србија, тестирани се 3.374.035 луѓе, а инфекцијата е потврдена кај 585.506 лица.

Вкупно починаа 5.190 лица, со стапка на смртност од 0,89 проценти.