Георгиевски: Тешко е да се биде Бугарин во Македонија

од Nikola Popovski
896 прегледи

„Не учеа дека сме Македонци, но колку повеќе читаме, станува појасно дека сме Бугари,“ изјавил Љупчо Георгиевски, претседателот на Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, во интервју за „bTV“, одговарајќи на новинарски прашања како е да си Бугарин во Македонија.

Според неговите зборови,тешко е да се биде Бугарин во Македонија.

„Воопшто не е лесно. Роден сум во поранешна Југославија и таму ни беше кажано дека сме Македонци. И прифативме дека сме Македонци, а Бугарија дека е место за одмор. Сепак, колку повеќе ве интересира и читате, толку повеќе разбирате дека сте Бугарин“, вели Георгиевски.

Тој во интервјуто наведува дека „ во учебниците за историја на С. Македонија се вели дека Бугарите се фашисти, агресори и окупатори“.

„Кога моите деца беа помлади, прашуваа по дома: „Дали сме фашисти?“ Не е лесно да им се објасни ова на децата. Тешко е и да се најде работа кога ќе се прогласиш за Бугарин“, додава Георгиевски.

На почетокот на месецот, писмото на културниот центар „Иван Михајлов“, чиј претседател е Георгиевски, ја крена на Бугарија на нозе. Во него се наведуваше за наводни повреди на правата на Бугарите во Македонија, па поради тоа бугарскиот претседател Румен Радев ги повика шефовите на безбедносните служби да преземат мерки.

Потоа се огласи и бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева која рече дека над 100 илјади граѓани во Македонија имаат бугарско државјансотво и недозволиво е да се дискириминараат  и заплашуваат поради тоа.

„Недозволиво е во 21 век да постои дискриминација. Тие се обидоа да ја обвинат Бугарија дека таа го одрекува правото на самоопределување на нивните граѓани, но си таквите постапки тие го одрекуваат тоа. Видете што се случува таму со секој што ќе се осмели, јавно, дали станува збор за политичар, или аналитичар, или историчар, без разлика, или новинар, имаше и такви случаи. Новинари, нивни новинари кои се осмелија да дадат интервјуа за наши медиуми, кои се осмелија да искажат различно мислење, да кажат дека треба да се договориме со Бугарија, треба заедно да продолжиме напред. Тоа што имаме заеднича историја, како што посочува и договорот, не значи дека немаат право на самоопределување и дека ние го одрекуваме. Ние повеќе гледаме проблем со самоопределувањето на луѓето таму кои имаат бугарска самосвест. Тоа е проблемот“, изјави тогаш Захариева во интервју за БНТ.

Во писмото кое културниот центар од Битола го испрати до бугарскиот државен врв, се побара олеснување на процедурите при добивање на бугарско државјанство за оние граѓани кои на претстојниот попис во Македонија ќе се определат како Бугари, но 1 се пожалија дека се соочуваат со бугарофобија и  стравуваат слободно да се изјаснат. Од таму тогаш објавија дека истото писмо го испратиле и до амбасадите на САД, Германија, Португалија и делегацијата на  ЕУ во Македонија.

Слични содржини