До граѓаните кои се вакцинираа со „АстраЗенека“: Потребни се до три недели да се создаде имунитет

од Берта Китинска
230 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека македонските граѓани кои првата доза на вакцината ја примиле во Србија ќе имаат можност доколку така одлучат ревакцината да ја примаат во нашата земја. Тој додаде дека веќе се подготвува начин како овие граѓани да влезат во нашиот здравствен систем како вакцинирани против ковид-19.

Граѓаните кои веќе ја примија првата доза на вакцината „АстраЗенека“, како и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, треба да бидат исклучително внимателни и да продолжат да ги почитуваат мерки, бидејќи е потребно време за да се создаде имунититет, велат од Министерството за здравство.

„По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена“, објаснуваат од Министерството за здравство

Оттаму додаваат дека најчести несакани ефекти по примање на вакцината се: болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Овие несакани ефекти се јавуваат кај 10 отсто од вакцинираните. Поретко се јавува алергиска реакцијa. Најчесто, несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата.

„Во последните три дена, Србија, повеќе од 22.000 странски државјани примија вакцина и сите примија АстраЗенекин“, рече Михајло Јовановиќ е директор на Канцеларијата за е-влада за РТС.

Слични содржини