Австралискиот премиер Скот Морисон во понеделникот објави реконструкција на владата по низата скандали со сексуално вознемирување и дискриминација што влијаеше на падот на неговиот рејтинг.
Конзервативниот премиер е под зголемен притисок поради начинот на кој пристапи кон неколку скандали, што предизвика дебата за сексуално вознемирување и дискриминација.
Питер Датон ќе стане министер за одбрана наместо Линда Рејнолдс, а Мајкалија Кеш станува нов јавен обвинител наместо Кристијан Портер.
Рејнолдс и Портер ќе бидат поставени на пониски позиции.
Способноста на Портер да биде државен обвинител е доведена во прашање откако тој најави тужба за клевета против австралиската мрежа Еј-Би-Си во врска со веста за силување во 1988 година.
Портер не беше експлицитно именуван, но тој ги негираше обвинувањата дека тој силувал 16-годишно девојче во 1988 година, додека обајцата биле ученици.
Во реконструираната влада, Портер ќе стане министер за индустрија, наука и технологија.
Рејнолдс беше изложена на напади откако ја нарече „лажлива крава“ Британија Хигинс, поранешна приправничка на Либералната партија која рече дека била силувана од колега во Парламентот во 2019 година.
Рејнолдс подоцна се извини, и во моментов е на боледување и ќе ја преземе новата должност кога ќе се врати на работа.