Поевтинуваат бензините и дизелот

од Берта Китинска
362 прегледи

Од  полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати. Бензинот ќе поевтини за еден денар по литар, додека дизел горивото за 1,5 денари по литар, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,966 ден/кг и сега ќе изнесува 34,426 ден/кг.

Од 30.3.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 66,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 68,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 55,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 44,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 34,426 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 4,255%, дизелот за 5,212%, екстра лесното масло за 5,258% и кај мазутот за 4,219 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,457%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.3.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, стои во соопштението до јавноста од Регулаторната комисија за енергетика.

Слични содржини