174
Министерството за здравство попладнево ја информира јавноста дека во денешниот дневен извештај за Ковид-19 во изминатото деноноќие имало ненамерна грешка.
„Во денешниот дневен извештај нема починат пациент на 22 годишна возраст од Струга, односно починатиот пациент од Струга има 72 години“, истакнаа од Министерството.
Министерството за здравство претходно информира дека во последните 24 часа се направени 1.405 тестирања, а регистрирани се 303 нови случаи на коронавирус. Исто така соопштија дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починало 41 лице, со што е израмнет црниот рекорд од 28 ноември, кога имаше иста бројка на смртни случаи од вирусот.
Досега во земјата се направени вкупно 616.862 тестирања на Ковид-19.