МНР со протестна нота до Бугарија поради контроверзниот предизборен спот на Џамбаски

од Nikola Popovski
225 прегледи

Министерството за надворешни работи на Република С. Македонија, преку Амбасадата на Република С. Македонија во Република Бугарија упати протестна нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија, поради контроверзното видео на бугарскиот европратеник и заменик-претседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, објавено на Фејсбук.

„Во оваа прилика напоменуваме дека ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји. Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени“, велат од МНР, додавајќи дека соодветно ќе реагираат и до институциите во Европската унија.

Во својата објава, Џамбаски наведува дека Македонија е бугарска, а Бугарија е над се, прикажувајќи видео-спот кој изобилува со кадри од Скопје, Охрид и други локации во Македонија, во кој ги повикува граѓаните да гласаат за неговата партија, на претстојните избори во Бугарија.

Слични содржини